9.8 C
Скопје
13:39 - 31 март, 2026

Ако лекарите отидат во пензија, здравството нема да преживее

Професорката Марија Ралева од Катедрата за психијатрија и медицинска психологија при Медицинскиот факултет во Скопје алармира дека ќе се направи голема штета со иницијативата која доаѓа од Министерството за здравство, а се однесува на Законот за пензионирање, со што се наложува здравствените работници, поточно лекарите и професорите на Медицинскиот факултет со веќе навршени 64 години да заминат во пензија.

– Потребно е преиспитување на одлуката, реална анализа на состојбата и предвидување на последиците што произлегуваат од овој чекор, затоа што тоа може дополнително да го разурне здравствениот систем и да придонесе за натамошно детериорирање на кревкото здравје на нашите граѓани. Да не заборавиме дека просечниот животен век на нашите граѓани во последните години е намален за неколку години (за мажи изнесува 71.6 години, за жени 75.3 години) во однос на просекот од 2018 г. (76,7 години) и просекот во ЕУ којшто изнесува 81 години, вели проф-др. Марија Ралева.

Таа објаснува дека ако од Универзитетска клиника за психијатрија докторите заминат во пензија, целата специјализација ќе остане без ментор.

-Во моментот постојат 3 различни специјализации коишто се одвиваат на Универзитетската клиника за психијатрија: клиничка психијатрија, детска и адолесцентна психијатрија и медицинска психологија. Специјализацијата по детска и адолесцентна психијатрија отпочна 2015 г. бидејќи потребата од детски психијатри стана горечка поради малиот број на вакви специјалисти (т.е. субспецијалисти), чиј број во моментот во нашата земја едвај изнесува 7. Од нив, на единственото Одделение за детска и адолесцентна психијатрија при Клиниката за психијатрија во земјава работат четири специјалисти. Ниту една државна специјализација од оваа област не е доделена до сега, а само 2 доктори завршиле приватна специјализација. Со интервенцијата на министерот за здравство, во пензија треба да заминат 2 супспецијалисти (детски психијатри), од кои еден наставник. Тоа значи дека целата специјализација од оваа област ќе остане без ментор, без едукатори и ќе треба да згасне. Тоа ќе се одрази и на другите специјализации кои се изведуваат на Катедрата, што долгорочно ќе се рефлектира врз севкупната грижа за менталното здравје на децата и младите, врз семејствата и врз самите пациенти, алармира проф. д-р Марија Ралева.

Остатокот од текстот можете да го прочитате на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

 

Слични објави

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....