7.8 C
Скопје
23:57 - 31 март, 2026

Аца Лукас отворено за своите пороци: „Не сакам децата да ми се дрогираат“

Аца Лукас

Аца Лукас отворено проговори за својот последен развод, но и за своите пороци и начинот на кој излегол од тој пекол.

-Најтешко ми беше кога последен пат се разведов. Најтешката ситуација во животот! Но, се во животот може да се надмине… Останав пријател со сите мои поранешни сопруги – вели Лукас.

– Има една важна реченица, не сакам да бидам Сократ или Аристотел… Животот ми се сведува само на една реченица: „Станав најсреќниот човек на светот денот кога сфатив дека животот е едно тешко с*ање’ Не само за мене, туку за сите. Тоа е така и за мене, и за тебе… Знаеш, цел живот земав кокаин, тоа не можев да им го кажам на децата… Денеска можам да им кажам: Не земајте, дрогата е штетна!

Лукас откри и дали му било тешко да излезе од тој пекол.

– Не, затоа што кога сакав, излегов. Земав само кокаин. Проблеми со него може да имаат само оние кои имаат многу пари и можност да се навлечат – признава Аца, а потоа додава:

-Кога докторот ми рече да престанам да пијам, престанав, истото беше и со дрогата. Имам општествена одговорност која малкумина од моите колеги ја имаат и затоа зборувам за ова. Јас сум татко на четири деца, знам колку ме сакаат и другите деца. Не сакам никој од нив да почне да се дрогира поради мене – искрено изјави Лукас, пренесува српски „Ало“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....