17.8 C
Скопје
17:25 - 11 март, 2026

Лепа Брена ја прекина соработката со луѓе со кои беше 16 години: Донесе шокантна одлука

Фолк ѕвездата Лепа Брена е личност која во текот на целата кариера е позната по лојалноста кон своите најблиски соработници, но и како ѕвезда која не се плаши од промени.

Така, пред неколку дена, по 16 години исклучително успешна соработка и безброј концерти, таа одлучила да стави крај на едно поглавје од кариерата и да се збогува со бендот кој ја придружуваше цело тоа време.

Ова, секако, предизвика големо внимание во јавноста, а Брена за српски „Курир“ објаснила како се случило сето тоа и ги открила новите планови за нејзината кариера во иднина.

– Сите вие знаете дека кариерата ја започнав со „Слатки грех“ и тогаш, по девет години фантастична соработка, дојде време за промена. Така и сега дојде време да се збогувам со бендот со кој работев 16 години. Понекогаш за новите визии и успеси се потребни промени. Морам да нагласам дека се разделивме во убава атмосфера. Едноставно, дојде време за промени како во мојата, така и во нивната кариера. Новиот бенд е подготвен за претстојните настапи и концерти што следуваат и се радувам што наскоро ќе го ви покажеме сето она на што работевме. Нè очекуваат големи работи, како што мојата публика е и навикната од мене – рекла музичката ѕвезда и се осврнала на спектаклите што неодамна ги одржа во Загреб:

– Поголем акцент би ставила на тоа што одржавме два одлични концерти во Загреб и уште еднаш приредивме спектакл за паметење. Горд сум на целиот мој тим. Бендот, продукцијата, дизајнерите, тимот за убавина, танчарите и сите кои направија да имаме пет фантастични концерти во Арена Загреб, а на 23.10.2026 нè очекува шестиот концерт во Загреб и секако претстојат уште многу одлични настапи и концерти. Шоуто мора да продолжи! – заклучила Брена.

 

 

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....