19:40 - 5 април, 2026

Вереникот на Тања Савиќ веќе има брак зад себе: Пејачката сè уште не е разведена, еве ги деталите

Идниот сопруг на Тања Савиќ, пилотот Мухамед Муки Бешиќ, има брак зад себе, исто како и пејачката.

Како што пренесува српски Курир, на неговиот Инстаграм профил можеле да се видат фотографии од 2018 година, а на една од нив е покажан венчален прстен на левата рака, но по извесно време тој ја избришал фотографијата.

Во коментарите посебно внимание привлече забелешката на еден корисник на Инстаграм која беше наменета за неговата сопруга, но набрзо и таа беше избришана. Кога ќе го погледнете понатаму Инстаграм профилот на идниот сопруг на Тања, на ниту една од фотографиите тој веќе не носи бурма, што значи дека Муки го извадил прстенот што го носел можеби веќе пред конечниот развод.

Пејачката и пилотот сега заедно уживаат, се верија, а со оглед на тоа што Тања се уште е официјално мажена, прашање е кога повторно ќе може да застанат на лудиот камен.

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....