2.8 C
Скопје
18:25 - 21 февруари, 2026

ВОНРЕДНО СО СЛАВЧО ПОПОСКИ: Дали ни доаѓаат снегот и поплавите од Словенија?

– Во текот на вечерните часови, како и во текот на ноќта, но и утре особено претпладне се уште ќе има повремен локален дожд, додека од утрешните попладневни часови ќе има постепено стабилизирање на времето, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, за време на викендот, како и во почетокот од следната работна седмица под влијание на стабилна, сува и ПОТОПЛА воздушна маса од југ времето ќе биде сончево со мала локална облачност.

– Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, вели Попоски и додава:

Сепак, наутро ќе биде релативно студено и тоа поради ведрото време и на некои места минималните температури ќе се спуштат до околу 0 степени.

И во Скопскиот регион, од утре попладне следува стабилизирање на времето па за време на викендот, како и во почетокот на следната работна седмица ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

– Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 8 степени , додека максималните ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 23 степени, заклучува метео прогнозерот.

Што се однесува до актуелната снежна состојба и поплави во Словенија, Попоски ни објаснува:

– Поради студеното време на високите места во Словенија врне и снег, а зафатени сме со потпросечни температури на воздухот. Внимателно ја следам метео состојбата. За сега немаме опасност од тоа, а понатаму доколку има, навремено ќе ве информирам!

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....