18:57 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Сонце, еве го кога ќе му се радуваме!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа од утре попладне па натаму времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Поинтензивни врнежи ќе има во сабота, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. За време на викендот врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места.

Слични објави

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо
Се вчитува....