14.8 C
Скопје
15:53 - 17 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нов влажен бран – нови врнежи и снег, еве кога!

– Под влијание на влажен воздушен бран денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Поради заладувањето, во вечерните и ноќните часови, како и утре врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Утре, освен на повисоките места и на планините, снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места, особено во источните предели. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека утре ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и ќе биде најизразен долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека утре истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека поради заладувањето во текот на ноќта и утре на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а услови за сосема слабо проврнување на дожд и снег ќе има и понекаде низ котлината во текот на утрешниот ден. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени, додека утре истата ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски, во среда се очекува краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во четврток попладне и навечер.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin
Се вчитува....