12.8 C
Скопје
17:36 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ќе има ли „каша“ од снег и дожд баш во вашиот град?

– Како што веќе најавивме, од утре попладне и навечер, па во следните денови, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Поинтензивни врнежи и нешто пониски температури ќе имаме за време на викендот, кога врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места. Температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.

Според Попоски, во следниот период и тоа поради честите врнежи, кој на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, се очекува формирање на позначителна снежна покривка и тоа на повисоките места и на планините.

Во Скопскиот регион, од утре попладне и навечер па во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во сабота, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 9 степени. Повремено ќе дува и засилен ветер од југоисточен правец.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....