11.1 C
Скопје
02:07 - 26 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НИ НОСИ УБАВИ ВЕСТИ: Сончеви денови, топла воздушна маса од југ! Еве од кога и до кога ќе не грее сонце!

– Како што веќе најавивме, од утре па натаму ќе имаме МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди, односно времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а само уште утре и тоа особено во планинските региони ќе има нешто повеќе облачност и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и тоа поради влијанието на уште потопла воздушна маса од југ, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

И во Скопскиот регион од утре па натаму ќе има многу повеќе сончеви периоди, додека температурата ќе се искачува до околу 17 степени.

– Сепак наутро и тоа поради релативно тивкото време, но и поради големата влага во воздухот ќе се создаваат услови за појава на магла по котлините и по речните долини, а нова промена на времето која ќе донесе нови врнежи, како и пад на температурите на воздухот се очекува за време на следниот викенд.

Заклучок на сето ова: Со оглед на тоа дека пред нас се неколку убави и топли денови, искористете ги истите за прошетка во природа, или пак за правење на зимница и тоа доколку истата сеуште ја немате направено, заклучува Попоски.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....