7.8 C
Скопје
22:29 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Мраз, температури под нула, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски, утре претпладне сè уште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намалува и од петок, па за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Наутро температурите ќе бидат особено НИСКИ и понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен.

Максималните пак, од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пораст и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен, најавува метео прогнозерот Попоски.

И во Скопје од петок, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 28 степени.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....