13.8 C
Скопје
17:11 - 17 март, 2026

ИСПОВЕД НА ФИЛИП ПЕТРОВИЌ, ПОРАНЕШЕН ЗАВИСНИК ОД ДРОГА: „Еднаш зависник од дрога – засекогаш зависник“. Така велат…

Зависноста не се развива или се случува преку ноќ, но најважното нешто што можете да направите е да го избегнете тој пат или да добиете помош да се справите со зависноста штом ќе го препознаете можниот проблем.

фото – приватна архива

Филип Петровиќ долги години бил заробен во канџите на дрогата. Дошол до точка од каде што нема враќање. Како последна шанса било доаѓањето во ,, Рето надеж ” – центар за рехабилитација од зависности. Веќе 3 години Филип е дел од семејството на ,, Рето надеж “.

– Јас сум од Куманово, градото во кој употребата на дрога е огромна. Може да се каже дка јас бев навлезен во зависноста уште од самиот почеток како што влезе дрогата во Македонија. Можеби 25 години бев зависник. Кога дојде крајот за мене, кога видов дека нема излез, се решив да дојдам тука, иако знаев дека постои ваков центар, ми беше страв да дојдам. Се прашував како ќе биде кога ќе имам кризи, овде рехабилитацијата е на суво, без медикаменти, но ми дојде крајот и морав да преземам нешто. Ден денес веќе 3 години како сум спасен од дечките кои се тука, а сега и јас функционирам како волонтер – ја започнува својата приказна Филип.

Патот за одвикнување му бил тежок, ноќите долги и безсони, а деновите неподносливи, но не се откажал. Се сеќава на секој момент од неговата борба, од почетокот и се до денес.

– Уф, како не се сеќавам, катастрофално беше, борбата е голема, но ако желбата и волјата е уште поголема да го оставиш тоа зад себе, да се избориш, се се надминува. Друштвото е тука, тушевите се тука, чај, масажа, се може да ти помогне да надминеш доколку имаш волја и желба. Почетокот ми беше тежок, траеше колку што траеше, но резултатот се гледа. Морам да признам дека сум пробал да се излекувам и во други институции, но успехот беше нула – вели Петровиќ.

Може да биде исклучително тешко да се признае на можниот проблем – и уште потешко за зависник да признае дека тој или таа е зависник. Но тоа е клучното во лекувањето и надминувањето на зависноста. Методите, опкружувањето, подршката, се си има своја улога.

приватна архива

– Ќе ви кажам зошто…со дрогата нема играчка, ако навлезеш длабоко, мора исто толку длабоко да навлезеш за да ја напуштиш дрогата. Надвор не е лесно, да се вратиш рехабилитиран луѓето пак ќе те гледаат како зависникот кој што бил порано. Како што велат – еднаш зависник, цел живот си зависник – ние докажуваме дека не е така. Општеството треба да ни даде шанса за да се вратиме во нормалното функционирање.  Да најдеме работа и да работиме. Зошто без оглед на се, ние се уште сме луѓе -за крај ни вели Филип.

Многумина тргнале по патот на зависностите, многумина се загубиле некаде движејќи се. Но не сите, има светли примери дека секогаш има избор, а со изборот излез. Некогаш подадената рака може да значи многу, прифатете ја, затоа што таа може да ви биде последната шанса која ќе ја имате.

фото приватна архива
фото приватна архива

Слични објави

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova
Се вчитува....