06:07 - 6 април, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Месецот на пастата го славиме со фусили со грчко сирење и доматен сос

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Месецот на пастата – октомври, го продолжуваме со превкусен рецепт од овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството. Овојпат Бранко ни открива рецепт за подготовка на ФУСИЛИ со грчко сирење и доматен сос. 
фото приватна архива

Многу љубов има кога ќе се спомне – „За ручек ќе имаме паста.“
Емоции, уживање, вкусови, Италија! 
Колку ти уживаш во твојата паста?, прашува Попоски. 

Потребни состојки

  • Едно пакетче Фусили (паста)
  • Морска сол
  • 20мл. маслиново масло

За сосот

  • 300гр. грчко бело сирење
  • 50мл. маслиново масло
  • 200мл. доматен сос
  • Свеж босилок
  • Рендано тврдо сирење

ПОДГОТОВКА

Откако ќе се свари пастата, ставете ја во огноотпорен сад за печење. Полијте маслиново масло и истурете доматен сос за да се потопи целата паста. Додадете и сушен босилок морска сол и бибер. На средина, ставете го грчкото сирење и над него истурете маслиново масло. Печете околу 20 -25 минути. Откако ќе се испече пастата промешајте го убаво сирењето низ целата паста. Изрендајте тврдо сирење.

Веднаш следува и втора чинија!

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....