16.8 C
Скопје
10:15 - 29 март, 2024

(ФОТО) ПО СТАПКИТЕ НА МАМА: „Мојата мајка е виновна за тоа!“, вели ќерката на Соња Тарчуловска

Ќерката на фолк пејачката Соња Тaрчуловска, Mелани ја започна својата музичка кариера.

фото – приватна архива

На годинашното 28. по ред издание на познатиот интернационален музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, кој се одржуваше од 10-11.09., Мелани Тарчуловска ја освои престижната награда Долни Сарај.

Млада, но доволно зрела, Мелани за прв пат застана пред камерите и покажа дека дури и на оваа возраст може да се постигне голема професионалност во музиката.

Оваа година блесна на сцената на Охрид фест со песната ,, А Ти “. Како се создаде оваа балада ?

– Оваа балада е комплетно моја, и текстот и музиката. Текстот го напишав уште пред една година, чекав да дојде правиот момент за да се слушне оваа песна. Заедно со Иле Спасов ја завршивме комплетно, задоволни сме и двајцата како на крај ,, А Ти ” дојде до совршенство. После ова спремни сме за нови песни и проекти, треба само да ме очекувате.

Како помина, како се подготвуваше за настапот на една поинаква, сериозна фестивалска сцена?

– Се подготвував навистина многу, сепак стапнувам на една почитувана фестивалска сцена. Сепак јас сметам дека секогаш треба да има вакво освежување на секој фестивал и да се покаже нешто ново и поинакво. Мислам дека завршив многу добра работа, јас лично сум задоволна.

фото – приватна архива

Мелани, љубовта кон музиката кај тебе е вродена желба. Кога реши дека сериозно ќе се посветиш на музиката, вклучувајќи го и твоето образование?

– Уште од многу малечка знаев дека музиката е мојата љубов. Иако се испробав во многу хобиа, незнаев како да ја искажам таа љубов кон пеењето, тлееше во мене и едноставно мајка ми ја откри мојата желба да пеам.

Ја претставуваше Македонија на  „Golden Voice 2020“…

– Да, минатата година. Се пријавив и ја претставував Македонија. Се претставив со песната When I Was Your Man – Bruno Mars и го освоив второто место од 30 учесници.

Ќе го споменам и настапот во Турција, Анталија каде пред 3000 публика ја отпеа Македонско девојче…

– Мојата мајка е виновна за тоа. Во 2019 година бевме на одмор во Турција, Анталија и имаше некој настан каде се пееше во живо. Мајка ми ми рече да одам и да ја испеам песната Македонско девојче. Искрено тоа ми беше прв настап во живо пред 3000 публика. Имав трема, но беше прекрасно искуство.

Дали после Охрид Фест размислуваш позрело и посериозно да настапиш на македонската музичка сцена?

– Јас се чувствував посериозна и поподготвена уште пред да се решам да настапам на фестивалот. Сепак ова се години кога секој кој што сака да се занимава со музика треба да ги има своите почетоци. Со текот на времето доаѓаат нови лица нови песни нови моменти, тоа докажува дека треба сериозно да се работи и да се докажеме и покажеме во едно поинакво светло.

Ќе останеш ли доследна на пишување песни?

– Да, несомнено. Ја себе сум си најголема инспирација и сметам дека сопствената емоција може да биде таа која што ќе ме насочи како треба да пишувам во одреден момент за одредена песна.

Која е твојата најголема подршка?

– Мојата мајка, татко, моето семејство и најблиски.

Дали твојата мајка е твој најголем критичар?

– И критичар и подршка. Мојата мајка Соња е жената која што секогаш е тука за мене, секогаш ми дава совети како да се однесувам на сцена, како да настапам, како да се облечам.

Кои се твоите идни планови?

– Подготвувам песна која ќе биде различна од , А Ти “, нема да биде балада, ќе има побрз ритам. Чекорам пополека но сигурно, така ќе биде и за мојата следна песна.

Несомнено Мелани ја чека блескава музичка кариера и допрва ќе нè радува со нови хитови.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....