3.8 C
Скопје
15:14 - 20 декември, 2024

(ФОТО) МАРИНA И ГОРАН: Нивните две нови преубави куќи во Гари и Владимирово

Веќе е познато, познатата водителка Марина Дојчиновска и прочуениот музичар Горан Алачки веќе над шест години си ги разубавуваат животите.

колаж, приватна архива

Но овојпат темата не ни е нивната љубовна приказна, туку нивната воодушевеност од природните убавини на Македонија, конкретно од нивните Гари и Владимирово, или што би рекла нашата соговорничка Марина, „запад и исток, различна убавина, а иста љубов кон нашата татковина“.

– И двајцата изградивме куќи во родните места на нашите покојни татковци, додава Марина.

Марина не ја крие својата воодушевеност од Горан, го нарекува „мојот Горан, човекот со срце колку Русија, душа колку цела Малешевија“, и продолжува да објаснува:

– Јас знам колку неговите Беровци се горди на својот Алачки, а знам и колку многу тоа значи. Знаат дека тој го донесе цел свет во Берово, а Берово го носеше со себе на сите континенти. Неговите Владимирци знаат дека единствено Горан правеше концерти за опожарената црква и донираше десетици илјади евра, и црквата е обновена! Знаат и од неговото Будинарци дека многупати подарувал инструменти на талентирани деца од таму и дури две музикални девојчиња испратил на школување во САД. Сите знаат дека Горан таму го изгради новиот објект, што ќе биде културен центар и место за нови иницијации, размена на уметност и нова енергија за Берово. Затоа е Горан свој на своето кога е во Берово! – воодушевена е Марина.

Поглед на обновената црква која била уништена до темел. Фото – приватна архива

За оние кои не се запознаени, црквата Св.Спас во Владимирово беше до темели уништена од пожар во ноември 2014 год. После два месеци Горан Алачки организираше голем донаторски концерт во МНТ со наслов „После сите овие години…“ за обнова на изгорениот храм. Околу 12 000 евра беа подарени на црквата и обновата започна.

Ова е новиот објект што го изгради Горан во Владимирово, со идеја да биде кутурен центар. Фото – приватна архива

Што се однесува пак до новиот изграден објект, Марина ни објаснува дека замислен е да биде културен центар и собиралиште на уметници од целиот свет. Објектот е речиси готов.

Е сега, се префрламе на темата Гари. Омилената тема на Дојчиновска. И тука се случиле новости. Имено, Марина и Горан сега уживаат и во новата куќа изградена во Гари, додека старата куќа на Дојчиновски се уште си е таму, сведочи за цел еден век. Во неа е роден татко ѝ на Дојчиновска.

Браво за вредните вљубени птички и за нивните преубави нови гнезденца.

Старата куќа на Дојчиновски во Гари, фото приватна архива
Новата куќа на Марина во Гари, фото – приватна архива
Горан и Марина, фото – приватна архива

Слични објави

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо
Се вчитува....