19:29 - 16 септември, 2026

(ФОТО) ИРЕНА ШИРИ РАДОСТ И ВО ГРЦИЈА: Дизајнираше „близначка“ кукличка за бабичка

Дизајнерката на кукли, Ирена Трпеска, е омилена меѓу дечињата, особено меѓу оние кои веќе имаат плетена кукличка изработена според сопствениот модел – со исти очиња, носе, коса, облека …па дури и очила, доколку ги носат, односно кукличките на Ирена се „фотокопии“ на изгледот на нарачателот – детенце.

За изработка на кукли, Ирена користи памучни конци за телото и за облеката, волница и акрилни конци за косата и за некои додатоци, а полнењето е силиконско. За изработката на облеката и модните додатоци на куклите пак, користи тул, тантела, филц, пластични и дрвени копчиња, сатенски ленти, бисери, бои за текстил… Времето за изработка на една кукла секогаш зависи од тоа колку е комплицирана куклата, колку парчиња облека има, колку додатоци…

И дотука приказната е навидум „обична“. Необичноста пак, дизајнерката ја најави со радост:

– После мноогу порачки на кукли од баби за своите сакани внуки, добив порачка да изработам кукла што ќе личи на саканата баба!  Верувам дека оваа госпоѓа ќе го добие најубавиот и најуникатниот подарок од својата внука. Куклата прво ќе ја пратиме во Битола а потоа ќе отпатува преку граница и добив ветување дека ќе добијам слика од бабата и кукличката, рече неодамна радосната Ирена, благодарна за довербата и интересната порачка, која ѝ била предизвик, бидејќи првпат плете баба.
Речено-стрено! И тоа сторено многу професионално.
Така, кукличката отпатува во соседна Грција и пристигна – во вистински раце.
Разнежнети од оваа убава приказна на дизајнерката Ирена, ја исконтактиравме Слободанка Павлова, која во приказнава е нарачателка на кукличката, односно „изненадувачката“.
Слободанка Павлова, фото – приватна архива
– Идеја за куклата добив кога бабата виде кукла што ја порачав за другарка ми и многу се израдува, па прашав дали може да направат и кукла за бабата, без бабата да знае, искрена е Слободнака и додава – Кога ѝ ја однесов куклата ја гушкаше и рече дека многу личи на неа.
Во продолжение, „фрлете“ поглед на среќаната госпоѓа и кукличката, и сами заклучете колку си личат и за какво радосно изненадување станува збор. 
ФОТОГРАФИИ – Приватна архива

Слични објави

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Еспресо

„Се чувствувам како да сум во моите дваесетти години“: Јелисавета Орашанин изгледа неверојатно, ја откри тајната на совршеното тело

Еспресо

За сите убави моменти што допрва доаѓаат – есенската колекција на свечени фустани пристигна во „Прагма“

Еспресо

Да се потсетиме на Калиопи во „Среќна Нова ’49“: „Пиши ми“ како дел од незаборавната филмска атмосфера

Т.Ц.
Се вчитува....