19:52 - 12 април, 2026

(ФОТО) ЦВЕТЕН ПОЗДРАВ ОД СЕЛО РОГАЧЕВО: Калина на своите убавици им посветува и по четири часа во денот!

Денес сме во преубавиот двор на госпоѓа Калина Димитриеска, која веќе осум години е невработена. Оваа убавина се наоѓа во село Рогачево, во општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на Тетово. Дворот распослан на десетина квадрати го красат повеќе од 50 раскошни саксии. 

Нашата цвета дама – Калина, фотографија – приватна архива

Со одгледување на цвеќиња и растенија Калина се занимава долго време, а љубовта кон градинарството ја наследила од мајка ѝ, 78-годишната Даница Јанческа.

– За уредувањето на дворот сме одговорни јас и мојот сопруг, ама повеќе јас сум околу моите убавици, со насмевка ни одговара оваа цветна дама.
Инаку, за волја на вистината,  во дворот доминираат цвеќињата кавалер и дама кои ѝ се фаворити на Калина бидејќи токму таа сорта цвеќиња ѝ биле првите цвеќиња, и тоа подарени од нејзиниот денес покоен татко.
Се разбира, за сè да биде толку прекрасно, потребно е многу вложена љубов и време.
Калина во текот на денот на своите убавици им посветува дури по три или четири часа. А во текот на студените денови, убавиците си имаат свој посебен простор наменет само за нив.
Ја замоливме нашата соговорничка да ни даде еден градинарски совет за нашите читатели кои можеби би сакале да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе.

– Мојот совет за идните градинари е краток и јасен: ако не сакате цвеќе воопшто немојте да се трудите и да почнувате, зашто цвеќињата сакаат многу љубов како и сите ние! А, доколку навистина сте подготвени да вложите љубов во цвеќињата, а сте почетници во градинарството, ви препорачувам да почнете со цвеќе што не мрзне за да не се обесхрабрите или откажете уште од почеток, искрена е Калина. 

Инаку, Калина Димитриеска е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Слични објави

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.
Се вчитува....