05:08 - 7 април, 2026

(ФОТО) ЧУДЕСНИОТ ДВОР НА СИЛВАНА: Рајска убавина во село Секирник

Семејството Панајотови имаат преубав двор во село Секирник, општина Босилово, толку убав што моравме да подзастанеме и да ѝ поставиме неколку прашања на домаќинката, Силвана Панајотова. 

Инаку, за Силвана слушнавме од … ДВОРЧЕТО … Врапче?! Не. Фејзбук гнездо на пасионираните по убаво уредување на балкони, градини, дворови, дворчиња…

приватна архива

Од Силвана дознаваме дека за дворот кој се протега на 2 хектари се грижи самата таа и нејзиниот сопруг. Во овој рај доминираат чемпресите, оревот, елата, смоквата и јапонската јаболка, а од цвеќињата миризба шират грациозните кампанули, раскошните бугенвили, украсната трева со магични цветови – пампас, бендерите, жолтите туфки и многу други.

– Многу сме посветени на нашиот двор, во часови тоа би значело два до три дневно, а во периодите кога ја средуваме, односно, режиме оградата, чемпресите и кога косиме, посветуваме и четири до пет часа дневно. Се разбира, тука е и секојдневното наводнување…, ни објаснува Силвана.

Ни вели дека колку што тие му се посветуваат на дворот, толку и дворот ним им воздраќа.

– Тука ги полниме батериите, вели таа.

Ја прашуваме дали има омилено цвеќе?

– Сите цвеќиња ги сакам, сите ме исполнуваат со среќа, ни одговара.

Во текот на студените денови, некои од цвеќињата се преместуваат во домашен амбиент за да ја „преживеат“ зимата.

Силвана ги охрабува сите што сакаат да започнат со градинарство тоа да го направат со многу љубов и посветеност.

Што би им препорачала, од каде да почнат?

– Зависи од просторот и времето кое го имаат, вели низ насмевка таа и додава – но треба да имаат и план како сакаат дворчето да им изгледа. Им препорачувам да почнат со цвеќиња кои најмногу ги сакаат и со цвеќиња кои повеќе време траат, од пролет до есен, завршува нашата соговорничка.

Фото- приватна архива

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....