12:02 - 5 декември, 2025

Вработени во Фејсбук обвинуваат: Компанијата ги принудувала да се вратат во канцеларија

Повеќе од 200 вработени во Фејсбук ширум светот во отворено писмо ја обвинија компанијата дека ги принудувала да се враќаат во канцелариите и покрај ризикот од коронавирусот.

Модераторите на содржина на Фејсбук тврдат дека компанијата „непотребно ги ризикува нивните животи заради профит”. Тие го повикаа Фејсбук да усвои измени во својата деловна политика што ќе му овозможи да продолжи да работи од далечина и други поволности, како што е бонус за ризик, пренесува Би-Би-Си.

Фејсбук објави дека повеќето потписници на писмото работат од дома и дека ќе продолжат да работат на тој начин до крајот на пандемијата.

„Веруваме во отворен внатрешен дијалог, но таквите разговори мора да бидат искрени”, рече портпаролот на компанијата.

Фејсбук во август објави дека вработените во компанијата можат да работат од дома до летото 2021 година.

Слични објави

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova

Вдовицата на покојниот Синиша Михајловиќ од тага со месеци на излегувала од дома, сега со партнерот има топ бизнис!

Еспресо

Итно хоспитализиран: Синот на Шер се предозирал, веќе со години е во пеколот на дрогата

Еспресо

Актерот кој го глумеше Сулејман Величествениот осуден на затвор за случај поврзан со протестите против Ердоган

Еспресо

Бритни Спирс по вторпат раскина со момчето, тој заминал од нејзината вила

Еспресо
Се вчитува....