6.8 C
Скопје
12:07 - 22 декември, 2024

Во Србија пристигна првиот контингент со вакцини на „Фајзер”

На белградскиот аеродром пристигна првиот дел од контингентот вакцини на компанијата „Фајзер”, јави допсиникот на МИА од Белград.

Во контингентот има 4.800 вакцини, а според претходните најави, тие се наменети првенствено за корисници на домови за стари лица.

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија веќе даде согласност за употреба и увоз на вакцините на „Фајзер”.

Денеска ќе се одржи првата работна седница на Националниот координативен тим за имунизација против ковид-19, на која треба да се усвои Оперативниот план за подготовка и спроведување на имунизација на населението во Србија.

Владата на Србија ги усвои општите цели на планот за имунизација со кои се предвидува активности за постигнување на овие цели, што е наведено во Акцискиот план подготвен од Институтот „Батут”.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала, Павле Зелиќ, вчера изјави дека вакцината на „Фајзер” е со ефикасност од 95 отсто, како што е наведено во нејзината документација.

Кога станува збор за руската вакцина „Спутник”, Зелиќ рече дека се направени општи, специјални и безбедносни тестови.

-Треба да ја комплетираме нашата проценка, работиме на тоа и ќе работиме интензивно, очекуваме добри резултати и во однос на таа вакцина, изјави Зелиќ.

Тој посочи дека во тек се преговори со секој што може да биде потенцијален снабдувач на вакцини за Србија.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....