Поради пандемијата со коронавирусот, секојдневно сме сведоци на снимки кои доаѓаат од сите краишта на светот, а прикажуваат како луѓето го поминуваат времето во изолација.
Терасите и дворовите станаа нашето ново место за прибежиште од грижите кои ги создава коронавирусот. Досега воочивме многу журки кои се одржаа на сите континенти, а со оглед на што го поминуваме и најголемиот христијански празник Велигден во домовоите, воопшто не зачудува што и кај нас вчера ечеше гласна музика од терасите.
Така, на твитер се појавија две видеа од скопската населба Кисела Вода, за кои пишува дека се направени вчера. На првото видео се гледа како еден човек со микрофон и гласна музика им се обраќа на комшиите, велејќи им „Луѓето ми се најголемо богатство. Сите овие луѓе што се на терасите можеби ме снимаат и ќе ме има по портали, ама што да правам“, по што почнува да пее и додава „Сите сме на тераси, што да правиме. Излегоа луѓето, сакале нејќеле, ме слушаат. Дали им се допаѓам, не им се допаѓам, ги расположив, колку знам, толку.“
На второто видео се гледа како комшија од друга зграда кој го слуша човекот, се расположи од атмосферата и започна комично да танцува качен на стол на својата тераса.
Погледнете ја атмосферата:
Видата се преземeни од твитер-профилот @TheZokiPoki
#Петре #Шилегов одма на човекот 14500 да му дајш.
Забава прај за сите пари https://t.co/crF38YuISh— Зоки Поки #fuckcorona (@TheZokiPoki) April 18, 2020
The post (ВИДЕО) Музика и чочек на тераса: Скопјанец се обиде да ги расположи комшиите appeared first on Слободен печат.