Најтемните делови на Интернетот не „премолчија“ дури и за време на пандемијата со коронавирусот, но сигурно оставија значаен белег.
Сите оние кои имаат криминални нагони сè уште можат да нарачаат убиство, да купат дрога, да си нарачаат пасоши и секаков вид лични документи, а отсега и крв од оние кои се излекувани од вирусот Ковид-19.
На дарк веб или црниот интернет пазар нема лесно да завршите, потребни се знаења и вештини. Dark Web се скриениот дел од интернетот, темните „улички“ кои за најголем дел од корисниците се скриени.
Имено, тој дел од Интернетот е составен од веб-страници кои постојат исклучиво на шифрирана мрежа и е невозможно да се пронајдат преку класичните интернет прелистувачи.
Невозможно е да се следи некој таму, затоа е идеален простор за „криминална сцена“ кој секогаш ја користи секоја можност да заработка на пари.
А токму пандемијата со коронавирусот покажа дека постои побарувачка за крв од лица кои закрепнале од Ковид-19.
Според РТЛ, цената за човечка крв е 16 илјади долари, додека во исто време нарачувањето убиството чини во просек 5 илјади американски долари.
The post Ужас на дарк веб-страниците: Крв од човек кој се излекувал од корона се продава за 16 илјади долари! appeared first on Слободен печат.
Ужас на дарк веб-страниците: Крв од човек кој се излекувал од корона се продава за 16 илјади долари! was first posted on мај 22, 2020 at 10:22 pm.