2.8 C
Скопје
19:35 - 24 декември, 2024

„Цивил“ бара референдум, граѓани се организираат да ја бранат Универзална

Неизвесноста околу судбината на Универзална сала продолжува. Бурните реакции од граѓаните на социјалните мрежи не стивнуваат, ни покрај уверувањето на градоначалникот Петре Шилегов дека во игра е и реновирање и реконструирање и уривање, а дека најдобрата опција ќе се избере по широки консултации, по што е можен и референдум.

На референдум повика и граѓанската организација „Цивил“.

– „Цивил“ донесе одлука да поднесе иницијатива за локален референдум за Универзална сала, дали ќе се гради на нова локација, дали ќе се реставрира сегашниот објект или ќе се урива, а на негово место ќе се гради парк… За тие и други прашања поврзани со оваа тема, најдобро е да се организира референдум – најавија од оваа организација.

Оттаму се на ставот дека овој важен објект заслужува широка граѓанска дебата и одлука за неговата судбина.

– Потребно е да се побараат решенија за прашањата и на меѓународно ниво, а конечната одлука да биде донесена по одржување на консултативен локален референдум за судбината на Универзална сала – сметат од „Цивил“.

Во одбрана на Универзална сала застана и фејсбук-групата „Градот убав“, каде што граѓаните се повикуваат на собир под мотото „Солидарни за срцето на Скопје“, на 6 август во 20 часот, да дојдат на платото на Универзална сала и да го изразат својот револт против уривањето на овој објект.

 

The post „Цивил“ бара референдум, граѓани се организираат да ја бранат Универзална appeared first on Слободен печат.


„Цивил“ бара референдум, граѓани се организираат да ја бранат Универзална was first posted on јули 31, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....