2.8 C
Скопје
13:38 - 23 декември, 2024

Толку е твитот: Филипче објави како членови на ВМРО ДПМНЕ ги кршат мерките

Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која е евидентно дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.

,,,Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот”, напиша министерот.

Маска не носи ниту Александар Пандов, кој го предводи патриотскиот институт на партијата, а кој е на чело на фотографијата.

Мерките за заштита од коронавирусот од следната недела ќе се заострат откако Комисијата за заштита од заразни заболувања препорача да се промени Законот за заштита на населението од заразни болести за да може да се воведе задолжително носење маска на отворено, да се даде поголем квантитет на надлежности на пазарниот инспекторат и да се ограничат домашните собирања и групирања кои се главен извор на ширење на заразата.

 

The post Толку е твитот: Филипче објави како членови на ВМРО ДПМНЕ ги кршат мерките appeared first on Слободен печат.


Толку е твитот: Филипче објави како членови на ВМРО ДПМНЕ ги кршат мерките was first posted on октомври 17, 2020 at 8:51 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....