-1.2 C
Скопје
04:54 - 19 декември, 2024

СЗО разработува мастер план за истражување на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) разработува мастер план за координирање на клиничките испитувања на коронавирусот, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејсус.

По дводневниот собир во Женева, тој вчера рече дека се во тек состаноци на истражувачки групи со водечки истражувачи, за да може веднаш да се почне со работа за решавање на најтешките проблеми.

– Некои од тие проблеми подразбираат еднострана дијагностика, најдобар пристап за превенција на инфекцијата, потенцијални терапии кои би можеле да се користат за лекување пациенти, рече Гебрејсус.

Тој додаде дека СЗО испратила маски, ракавици и медицински униформи во 18 земји заради заштита на здравствените работници од вирусот.

– Ние продолжуваме да ги поддржуваме земјите со алатки и опрема што им се потребни за дијагностика, но и за заштита на здравствените работници. Доставивме дијагностички комплети до лабораториите ширум светот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Исто така, испративме залихи со маски, ракавици и опрема за здравствена заштита, рече генералниот директор на СЗО.

The post СЗО разработува мастер план за истражување на коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....