09:54 - 6 април, 2026

ПОРАСНАА СО ПОЗНАТ ОЗЛОГЛАСЕН КУЛТ: Децата на Том Круз и Никол Кидман никогаш не се појавуваат во јавност, а еве како изгледаат!

Никол Кидман и Том Круз се разведоа пред 20 години, а за време на бурниот брак посвоија две деца Изабела (28) и Конор (26). Сепак, сите овие години, тие беа чувани надвор од центарот на медиумското внимание.

Не се знае многу за нивниот живот, но се знае дека розите не цветале секогаш во семејниот живот. По разводот, двојката прво го подели старателството над посвоените деца, но Изабела и Конор, набргу потоа, се одлучија за нивниот татко и Скиентолошката црква со која пораснаа.

Фото: Инстаграм

Никол Кидман, која силно се бореше против тоа, со години не разговараше со својата ќерка, па дури и не знаеше дека ќерка ѝ се мажи, но во последните месеци се појавија гласини за нивно помирување, откако Изабела почна да ги лајкува објавите на Никол на Инстаграм.

Инаку, на инстаграм-профилот на Изабела, најмногу фотографии има од нејзините апстрактни уметнички дела кои ги продава за 30 долари, и само неколку нејзини фотографии.

Младиот Конор е страстен љубител на риболов, но неговите најнови фотографии на Инстаграм откриваат и колку физички се променил во споредба со претходните неколку години.

Не само што „накачил“ некој килограм, туку и пуштил брада, па тешко е да се каже дека личи на слатко мало момче каков што беше порано.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....