2.8 C
Скопје
19:46 - 23 декември, 2024

Студија: Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 се шири низ лилјаците со децении

Од почетокот на пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2 – кој ја предизвикува болеста Ковид-19, научниците го истражуваат неговото потекло. Првите извештаи сугерираа дека новиот вирус се создал кај лилјаците, пред да премине на човекот.

Меѓутоа, додека истражувачите уште не утврдиле со сигурност точниот начин на кој вирусот ги заразил луѓето, тие дознале дека тој најверојатно на вирусот не му е потребен животно како посредник за да дојде до човекот, покажало едно научно истражување пренесено од порталот Популар Сајенс.

Истражувањето покажало дека видот на коронавирусот веќе со децении „непречено циркулирал меѓу лилјаците“.

Резултатите покажуваат дека вирусот САРС-КоВ-2 се ширел меѓу лилјаците во јужна Кина повеќе од половина век, а неговата специфична структура, која му овозможува да се поврзе со рецепторите на површината на клетките на белите дробови на неколку различни видови, објаснува зошто два слични вируси ги заразиле и луѓето.

Вообичаено, кога научниците прават ваква анализа, тие на располагање имаат над сто примероци, само за јасно да се утврди како вирусот се развил. Меѓутоа, истражувачите овој пат на располагање имале само 68 примероци.

„Ако во иднина најдеме повеќе примероци, би можеле да го спроведеме истражувањето до самиот крај. Ова ќе ни помогне само да разбереме како сме се заразиле“, рекол Шинг Занг, професор на Универзитетот во Британска Колумбија.

Тие заклучуваат дека можеби воопшто не постоел животински посредник меѓу лилјаците и луѓето, како што сугерирале претходните студии, иако Кина од почетокот на пандемијата бараше посредник.

The post Студија: Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 се шири низ лилјаците со децении appeared first on Слободен печат.


Студија: Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 се шири низ лилјаците со децении was first posted on јули 31, 2020 at 9:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....