5.8 C
Скопје
16:56 - 16 ноември, 2024

Странците дојдоа кај нас по евтини работници, но тие заминаа кај нив

Иселувањето на работниците подолго време претставува проблем за бизнис заедницата во Македонија, но се очекува од први март, со олеснување на режимот за работни визи во Германија, нивните грижи да се зголемат.

За недостиг на работници зборуваат како домашните, така и странските компании кои во Македонија дојдоа привлечени од евтината работна сила, како и од другите законски олеснувања за привлекување на странските инвеститори.

– Имаме проблем да најдеме образована и вешта работна сила. Минатата година од земјава си заминаа 20.000 луѓе – изјави за „Слободен печат“, претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер кој е и директор на ЕВН-Македонија.

Петер вели дека ЕУ се залага луѓето слободно да одберат каде ќе работат и живеат, но ова може да се одрази врз македонската економија.

– Сепак, треба да се знае дека станува збор за мало недоразбирање. Секако, не сакам никого да одвратам од идејата да замине во Германија, но треба да се знае дека во оваа земја кога станува збор за платата се зборува за бруто, и кога на некого ќе се даде бруто-плата од 2.000 евра, работникот ќе добие нето од 1.000 евра – вели Петер.

За да се реши проблемот со иселувањето и со недостигот на работна сила, Петер вели дека компаниите треба да работат заедно со Владата.

– Ние како бизнис сектор треба да превземеме некои конкретни мерки заедно со Владата, но не само за зголемување на платата, туку многу повеќе. Денеска на пример јас би останал тука поради тоа што е убаво и сончево времето, но има денови кога е загадено и размислувам да заминам затоа што не е добро за моите деца. Треба да се потрудиме да ги убедиме и да им овозможиме на Македонците да останат во својата земја, затоа што тоа е вистинското место за нив и дека имаат иднина – вели Петер.

И според директорот на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКЗМ), Дриљон Исени, покрај платите, на иселувањето делуваат и други фактори.

– Младите не мигрираат само поради економскиот аспект, туку има и други фактори што влијаат врз нивната одлука за мигрирање, како што се нефункционалноста на правната држава, недоверба во институциите, лош животен стандард и слично – вели Исени.

Според него, бројките покажуваат дека македонските граѓани најмногу и до сега барале работа во Германија.

– Членките на СКСЗМ работат напорно на подобрување на условите и на економскиот стандард на нивните вработени и овој модел треба да се следи од сите компании долгорочно за да се достигне посакуван резултат и овој феномен да биде намален до прифатливо ниво – вели Исеини.

Претседателот на Здружението за градежништво, Андреа Серафимовски вели дека имаат проблеми со кадар и во градежништвото, а тоа е една од носечките гранки на развојот во државата.

– Иселувањето од земјава го намали бројот на работници во градежништвото. Веќе имаме недостиг и на инженери, освен работници, затоа за градежниците приоритет е донесувањето на новиот закон за работни односи во кој треба да обезбеди поголема флексибилност кога станува збор за работниците и плаќањето на секоја прекувремена работа – вели Серафимовски.

Турканици за визи пред германската амбасада во Скопје: Не се живее повеќе со 200 евра

The post Странците дојдоа кај нас по евтини работници, но тие заминаа кај нив appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....