Фудбалскиот свет тагува поради смртта на еден од најдобрите играчи во историјата, Диего Армандо Марадона.
Многумина се збогуваат со легендарниот Аргентинец преку социјалните мрежи, а истото го направи и Златан Ибрахимовиќ, играчот на Милан.
– Марадона не е мртов, тој е бесмртен. Бог му го даде на светот најдобриот фудбалски подарок на сите времиња. Тој ќе живее вечно – напиша Швеѓанецот на „Инстаграм“.
Аргентинскиот претсeдател Алберто Фернандез веднаш прогласи тридневна жалост.
Во Неапол (Италија) се најавува промена на името на стадионот „Сан Паоло“ во Диего Армандо Марадона.