Во овие вонредни околности голем број луѓе се многу засегнати и ќе мора драстично о да го сменат начинот на кој трошат и заработуваат.
Како што објавува магазинот Оригинал, кој го издава Фондацијата Новак Ѓоковиќ, луѓето кои се оваа група или пак оние на кои новите околности не им влијаат значително на финансиската ситуација, за почеток е најважно да се направи пресек на состојбата и да се погрижат од оваа криза да излезат најбезболно.
Многумина околу нас се во паника и на тоа како другите се однесуваат не можеме да влијаеме, но можеме да влијаеме на себе. Не треба да се паничи, туку треба да се реагира и да се прилагодува на ситуацијата. Не можеме да предвидиме точно што и како ќе се случува во наредниот период, но оваа ситуација ќе помине. Обидете се да го зачувате мирот во себе и да се фокусирате на ставките на кои може да влијаете. Еве кои се тие кога се во прашање финансиите:
Анализа на моменталната состојба
Прво што треба да направите е да анализа на моменталната состојба. Дали вашите тековни приходи ги покриваат тековните трошоци?
Ако вашите приходи НЕ ги покриваат вашите трошоци, прво што треба да направите е детална анализа дали можете да ги намалите своите трошоци или не. Во време на вонредни ситуации потребно е да ги скратите трошоците секаде каде што можете.
Кога групната солидарност е на дело, може да се разгледа и преговарањето за намалување на цената на станарината која ја плаќате, доколку не можете, откажете ја. Исто така може да го замолите станодавачот на неколку месеци да ви го одложи плаќањето на станарината ако не сте во можноста да платите.
Кога сте запишаче како може да ги намалите своите трошоци, соберете колку изнесуваат така минималните трошоци и проверите дали тоа го покриваат вашите приходи.
За да може во наредниот период да ги следите своите трошоци и промања и да имате контрола над нив, најдобро е да користите табела или мобилна апликација ( предлог: Money Manager).
Повеќе совети прочитајте на овој линк.
The post Совети од експерти како да не банкротирате во текот на корона- кризата appeared first on Слободен печат.