2.8 C
Скопје
12:12 - 23 декември, 2024

„Слободен печат“ пред ГП Табановце: Гужви и непочитување на мерките за дистанца (ГАЛЕРИЈА)

Откако од денеска се отворија сите гранични премини во државата, согласно одлуката на Владата, екипа на „Слободен печат“ се упати на граничниот премин Табановце, каде забележавме голема гужва, а луѓето што чекаа во редици за да им се проверат документите и да бидат пуштени, беа доближени еден до друг без да ги почитуваат мерките за физичка дистанца за спречување на ширењето на коронавирусот.

Владата вчера донесе одлука од денеска да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во земјата е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Тие што нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест, мораат да одат во државен карантин од 14 дена.

Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена”, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Странците кои од денеска можат да транзитираат низ земјата од сите гранични премини, можат да останат во државата само пет часа.

The post „Слободен печат“ пред ГП Табановце: Гужви и непочитување на мерките за дистанца (ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.


„Слободен печат“ пред ГП Табановце: Гужви и непочитување на мерките за дистанца (ГАЛЕРИЈА) was first posted on јуни 17, 2020 at 11:47 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....