Во вечерашното гостување на „Топ Тема“, заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска го праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дали контактирал со поранешниот премиер Никола Груевски, откако бил осуден во предметот Тенк.
– Дали ти од моментот кога Груевски има правосилна пресуда, можеш да тврдиш дека ти и твојата партија сте немале контакти со него? Тука се сметаат и финансиските трансакции од Будимпешта, истакна Шекеринска.
Прашањето на Шекеринска следуваше откако Николовски изјави дека Зоран Заев сè уште не одговорил на јавно поставени прашања за негова средба со поранешната спацијална обвинителка Катица Јанева.
– Заев имаше изјава со која лагата ви ја демантираше. Вие поставивте прашање и Заев демантираше. Ние 4 години поставуваме прашања и нема одговор, заврши Шекеринска.
The post Шекеринска до Николовски: Имавте ли контакти со Груевски откако беше правосилна пресудата? appeared first on Слободен печат.