-1.2 C
Скопје
19:22 - 22 декември, 2024

Се прогласува вонредна состојба во Белград: На сила три нови мерки, градот станува жариште

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ потврди дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба во Белград.

Се воведуваат и три нови мерки – забрана на работата на ноќните клубови по 23 часот, евентуално казнување за неносење на маски и забрана на собири со повеќе од 100 лица во затворен простор.

Воведување на нови мерки во спречување на ширењето на коронавирусот во Белград најави ноќеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ: Не го затвораме цел Белград, само ноќните клубови и рестораните од 23 до 6 часот наутро

На две недели ќе бидат затворени ноќните клубови, сплавовите од 24 часот до шест наутро, како и кафулињата, освен оние кои имаат тераса, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави Вучиќ ноќеска и најави казни за неносење на маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз со висина од 5.000 до 6.000 динари.

Вучиќ исто така изјави дека доколку не се доволни овие мерки, ќе се донесат други поригорозни.

The post Се прогласува вонредна состојба во Белград: На сила три нови мерки, градот станува жариште appeared first on Слободен печат.


Се прогласува вонредна состојба во Белград: На сила три нови мерки, градот станува жариште was first posted on јули 3, 2020 at 8:47 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....