3.8 C
Скопје
01:51 - 21 декември, 2024

Во чест на маестро Александар Џамбазов – познати пејачи ќе ги пејат преубавите евергрини ВИДЕО

„Омаж на маестро Александар Џамбазов“  ќе одржи Македонската филхармонија вечерва во 20 часот.

Вечерта ќе биде посветена на големиот македонски композитор, а концертот е во рамки на 45-то издание на „Денови на македонска музика“. Концертот ќе биде од хуманитарен карактер, а средствата од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

Публиката ќе може да ги проследи „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“  како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

На овој начин, ќе му се оддаде признаени на легендарниот Александар Џамбазов, кој зад себе остави многу вредни дела за паметење.

Неговите композиции беа неизоставен дел од најпознатите фестивали во поранешна Југославија а огромен придонес даде и во творењето на детски песни.

Неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

Повеќе од 40 години неговите композиции беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија.

Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Можеби и заради фактот што низ нив, некогаш директно, а некогаш како далечен одглас провејува карактерот на нашето музичко поднебје.

Особено е значајно неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на фестивалот „Златно славејче“ неговиот авторски придноес во програмата овозможи фестивалот да израсне во еден од најбитните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....