1.8 C
Скопје
03:29 - 28 декември, 2024

По изолацијата задолжително проверете ја крвната слика

Начинот на живот за време на изолацијата може да влијае врз целокупното здравје. Би требало задолжително да се направи анализа на витаминот Д и на железото.

Недостигот на движење и на сончевите зраци во време на вонредна ситуација ги погодува сите. Затоа лекарите советуваат кога состојбата ќе се нормализира, да се направи анализа на нивоата на витамин Д во крвта како и да се утврди дали се развила анемија. Ова особено се однесува на луѓето постари од 65 години, но и на помладите, особено ако се чувствуваат изморено, депресивно и исцрпено. Биохемиските анализи исто така се потребни и доколку во периодот на изолација сте претерале со храната, алкохолот, газираните пијалаци и слатките.

Лекарите велат дека не е доволно само да се провери железото кога се прави проверка дали некој е слабокрвен.

За да биде валиден тестот на крвта, потребно е, покрај железото, да се направи и крвна слика на депоата на овој минерал, имено феритин, како и да се направи сатурација на трансферинот со железо. Само овој збир на наоди ќе му предочи на лекарот дали станува збор за анемија.

Анемијата поради недостиг на железо е најчестиот вид слабокрвност, која најмногу ги погодува жените во репродуктивниот период од животот како резултат на обилното менструално крвавење.
Кога ќе се открие наод со недостиг на железо кај мажите, тоа обично укажува на многу поголемо здравствено нарушување и затоа овој наод би требало да се сфати сериозно и да се бара причината за анемијата.

Со оглед на тоа што дефицитот на витамин Д директно води до остеопороза, проверувањето на витаминот Д задолжително треба да биде на списокот на потребните биохемиски анализи.

Вообичаено се вели дека витамините и другите хранливи материи треба да се внесуваат преку храната, но земањето суплементи со витамин Д речиси е неопходно за нас.

Меѓу значајните биохемиски анализи во крвта се и утврдувањето на шеќерот во крвта, статусот на липидите, ензимите на црниот дроб и проверката на здравјето на бубрезите.

Ако кај пациентот во два последователни наоди се открие ниво на гликоза во крвта поголемо од седум, со сигурност можеме да кажеме дека заболел од дијабетес, велат лекарите. Кога првиот наод е седум, а вториот е поголем од шест и помал од седум, тогаш пациентот се упатува на тест за оптоварување со гликоза или на проверка на тримесечен шеќер за да се постави точна дијагноза.
Нарушените маснотии во крвта обично се јавуваат како последица на генетиката, лошата исхрана или само се надоврзуваат на нарушениот крвен притисок и дијабетесот.

Кај пациентите на кои им е нарушен само холестеролот, а триглицеридите се нормални, би требало да се испита хормонот на тироидната жлезда, бидејќи ако е намалено неговото лачење, тоа може да доведе и до нарушувања на холестеролот.

Зголемената употреба на алкохол и газирани сокови во никој случај не му годи на здравјето на црниот дроб. Затоа, лекарите велат дека, ако анализите покажат дека ензимите на овој орган се нарушени, би требало да повторно да се проверат за два до три месеци по уреден и здрав живот:

Нарушените ензими на црниот дроб, особено АЛТ, упатуваат на тоа дека би требало да се испита дали постои инфекција со хепатитис Б или Ц. Кога станува збор за здравјето на бубрезите, нарушените вредности на уреа и креатинин обично упатуваат на понатамошни тестирања.

Витамин Б12

Лекарите велат дека испитувањата на нивото на витаминот Б12 во крвта обично се прават целно, но дека нема да погрешат оние што ќе одлучат да го направат тоа превентивно.
Овој витамин е исто така често во дефицит, а се смета за многу важен бидејќи влијае врз работењето на мозокот, нервите, крвната слика. Освен тоа, неговиот недостиг може да доведе и до деменција.

 

The post По изолацијата задолжително проверете ја крвната слика appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....