12.8 C
Скопје
13:27 - 18 декември, 2024

Пари од државата за училишен прибор само за постарите од 16 години

Сите средношколци кои во саботата наполниле 16 години, а кои потекнуваат од семејства каде што вкупните приходи се во висина на една просечна плата, ќе може да се пријават за парична помош до 3.000 денари за купување на училишен прибор. Помошта ќе легне на домашната платежна картичка која исто така следува за средношколците, а парите ќе се исплатат најдоцна до 15 септември и ќе може да се користат најдоцна со 15 октомври, а ако не се искористи износот, тој се враќа во државниот буџет.

Ова е предвидено со Уредбата  со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба, која е објавена во саботата и која стапува во сила веднаш.

„Училишен прибор, во смисла на оваа уредба со законска сила се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности“, пишува во Уредбата.

Според Уредбата, за да се искористат парите мора да се пазарува во фирма која е резидент во Македонија и која врши трговија на мало во специјализирани продавници со: производи за култура и рекреација; со книги; со весници и канцелариски прибор; со спортска опрема;  со игри и играчки и со облека и обувки.

„Фискална сметка која содржи производи кои не се училишен прибор не може да се плаќаат со домашната платежна картичка. Примената финансиска поддршка за купување на училишен прибор не се оданочува со данок на доход согласно со Законот за данокот на личен доход“, пишува во Уредбата.

За оваа намена ќе се направи веб страница  и во средината на август ќе има повик за регистрација на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk. Учениците се должни да прикачат потврда за плата на нивните родители, односно старатели, или пак нивна потврда за пензија. Останатите приходи, Министерството за образование ќе ги добие од УЈП по службена должност.

The post Пари од државата за училишен прибор само за постарите од 16 години appeared first on Слободен печат.


Пари од државата за училишен прибор само за постарите од 16 години was first posted on јуни 15, 2020 at 10:10 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....