9.8 C
Скопје
11:06 - 22 ноември, 2024

Османи: Прашањата за државните атрибути се решени со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во петок ќе престојува во Софија и ќе се сретне со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во однос на ставовите на Софија за идентитетските прашања вечерва изјави дека нашата позиција е оти преговарачката рамка не треба да биде платформа за решавање на билатералните прашања, бидејќи за тоа постои Договор што прецизно дефинира и инструменти и рамка како треба да се решат тие прашања. 

-Прашањата за државните атрибути се решени и со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор, но и со други меѓународни документи, потенцираше Османи во интервју за ТВ 24. 

Шефот на дипломатијата рече дека ние имаме обврска и мораме да ги исполниме обврските од Договорот за добрососедство, но оти тоа што „особено создава анксиозност кај нас е што се отвораат прашања коишто се затворени со Преспанскиот договор”.

– Преспанскиот договор е важен меѓународен договор во којшто се дефинирани одредени решенија и се уште е во рана фаза на имплементација, се уште е вулнерабилен договор којшто треба внимателно да се  негува, а не да се отвора или дискутира по решенијата коишто се веќе таму потврдени, истакна Османи. 

Тоа што сега е важно, според  него, е да се интензивира политичкиот дијалог бидејќи, како што вели Османи, секогаш кога има одредена оддалеченост во комуникацијата или успорување на комуникацијата се создава јаз којшто се пополнува со предрасуди и конспирации.   

-Интензивна политичка комуникација. Јас одам во петок, очекувам и со премиерот Заев да имаме средба наскоро. Очекувам и комисиите да се гледаат наредните денови или недели и да се врати еден нормален модус на комуникација. Јас очекувам дека ние имаме доволно таков потенцијал за да ги  апсорбираме овие разлики. Притоа да не заборавиме дека ние влегуваме само во втора фаза од процесот, а не го завршуваме односно почнуваме со преговори. Очекувам дека во европскиот дух, во добра волја дека ќе ги  надминеме овие разлики, рече Османи. 

Доколку има впечаток кај бугарската страна дека не доволно се работи на обврските од Договорот што ги имаме, додава тој, тоа или треба да се објасни, до колку не е така, или, треба да се поправи, до колку е така.

-Тука ние не треба да бегаме од таа одговорност, рече тој повторувајќи дека прашањата на државните атрибути се решени и со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор и со  други меѓународни документи.  

Можеби, вели Османи, имаме разлика по однос на очекувањата за динамиката на средби на комисиите. -Некој смета дека девет средби за 20 месеци не е бројка за потценување. Ако правиме споредба со комисиите помеѓу Германија и Франција и Полска кога се сретнувале еднаш годишно, нашите имаат девет средби со добар резултат. Ние направивме една таква компаративна  анализа е прашање на очекување како ќе ги оцените бројот од девет средби.  Дали е тоа малку или повеќе зависи какво очекување ќе поставите и мислам дека на таа средба ќе се разговара за овие  и ова прашање, рече министерот за надворешни работи.   

 Во однос на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата и првата Меѓувладина конференција неговите очекувања се дека таа ќе се одржи во декември.

-Генерално можам да констатирам дека ова е еден од подобрите извештаи на ЕК што го има добиено Македонија, рече Османи.

Особено е значајно, според него што ЕК ги вреднуваше напорите на македонската Влада и покрај кризата со Ковид – 19.

Османи рече дека Владата во наредниот период ќе го стави акцентот на решавање и надминување на слабостите нотирани во Извештајот.

The post Османи: Прашањата за државните атрибути се решени со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор appeared first on Слободен печат.


Османи: Прашањата за државните атрибути се решени со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор was first posted on октомври 7, 2020 at 9:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....