6.8 C
Скопје
13:18 - 19 декември, 2024

Ослабен или не ковид-19 коси како никогаш досега

Новиот вирус ковид-19 не слабее, велат лекарите кои директно се вклучени во лекување на пациентите заболени од овој вирус. Зголемениот број на пациенти кои се згрижени во болниците, како и тешките симптоми кои ги имаат, не укажуваат на тоа дека вирусот ја губи својата моќ. од кој, Според последните податоци, во земјава вкупно заболени од коронавирус има 4.289 лица и 2.331 активен случај

Доктор Патриција Каламарис, која е еден од тројцата инфектолози во ковид центарот „8 Септември“ вели дека имаат 120 пациенти заболени од ковид-19 од кои на 80 им е потребна кислородна поддршка, што покажува дека ситуацијата не е добра.

– Доаѓаат доста тешки пациенти, тоа што 80 се на кислородна поддршка значи дека се со тешка клиничка слика и сериозно нарушување на функцијата на белите дробови поради масивни пневмонии. Но кај нас се најтешките пациенти во моментов, така што не мора да значи дека тоа е ситуација и во другите болници – вели инфектологот Каламарис.

Имаме пациенти, вели таа, кои буквално не можат да земат воздух ако не се на кислородна поддршка. Каламарис објаснува дека тие како тријажен центар ги примале сите пациенти меѓу кои и такви со тешка клиничка состојба кои не може да се транспортираат.

– На 120 пациенти кои се навистина во тешка состојба, имаме тројца инфектолози, сега имаме на помош лекари интернисти, но дефинитивно пациентите бараат голема медицинска грижа – објаснува Каламарис.

Вирусот ја намалува својата вирулентност кога е намалена неговата способност да предизвика клинички манифестирана болест, што значи намален број на пациенти кои болнички се лекуваат и намален број на смртни случаи. Болниците ни се полни како никогаш до сега и се отвораат нови оддели и капацитети. Статистиката за бројот на починати пациенти од коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава е загрижувачка. Вкупниот број до сега изнесува 193, во март, откако земјава ја започна борбата со ковид-19, починаа 11 пациенти, во април кога здравствените власти велеа дека вирусот го достигнува пикот бројот на починати до крајот на месецот беше 66, во мај, починаа 63 пациенти, а само до 15 јуни, односно само за половина месец, бројот на починати од коронавирусот е 53.

Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од приватната болница „Жан Митрев клиника“, пак вели дека не би можело да се каже дека вирусот слабее ако нема научни докази за тоа.

– За да кажеме дали вирусот слабее потребни се пообемни систематски студии преку кои би се дошло до научно релевантен заклучок – вели Кунгуловски.

Тој деновиве е актуелен поради објавувањето на научен труд од извршени генетски испитувања на вирусот ковид-19 кои покажуваат присуството мутацијата P323L во RdRP генот и мутацијата D614G во S генот, во изолатите од 10 пациенти. Овие мутации се од особено значење бидејќи се наоѓаат во едни од двата најважни протеини на коронавирусот: S протеинот е клучот за влегување на самиот вирус во клетката и нејзиното инфицирање, а додека пак RdRp генот е значаен за делбата на вирусот во клетката. Овие истражувања покажуваат дека вирусот ковид-19 кој циркулира кај нас има поголема преносливост и заразност.

Вчера беа хоспитализирани 318 пациенти заболени со коронавирус. Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека се соочуваме со силен бран на епидемијата, но тоа што охрабрува е дека има висок процент на асимптоматски и пациенти со лесна клиничка слика коишто се наоѓаат на домашно лекување, односно од вкупниот број болни, хоспитализирани се 14 проценти, додека 86 проценти се практично во домашни услови.

The post Ослабен или не ковид-19 коси како никогаш досега appeared first on Слободен печат.


Ослабен или не ковид-19 коси како никогаш досега was first posted on јуни 16, 2020 at 5:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....