-3.2 C
Скопје
05:33 - 23 декември, 2024

Оливер и лажичето на МПЦ

Јавната полемика околу тоа дали треба или не треба да има собирање по црквите за Велигден, а и уште повеќе, зошто, ако Црквата и верниците инсистираат да се собираат, барем не би се користело за секој верник ново лажиче за причест, ги покажува сите предизвици пред кои се исправени општествените вредности и норми – нормите се пропишани начини на однесување врз основа на постоечките вредности во заедницата – во „средбата“ помеѓу епидемијата и востановените не-епидемиски однесувања.

Навистина, „хигиенската“ дилема „за лажичето“ изгледа без врска, особено за најголемиот број неверници (во таа категорија има поголем број деноминациии, од атеисти и агностици, преку хуманисти и скептици, до пантеисти и деисти… ама за тоа во друга прилика): Пих, голема работа од кое лажиче човек ќе се причестува!

Сепак – дури и од мојата позиција на некогашен атеист, сегашен агностик, на пат кон надежен деист… како што стареам… работите не се така едноставни.

Имено, во догмата на христијанската вера, велигденската причест има централна позиција во соединувањето на верниците со Христос: во црковната церемонија на призивањето на Светиот Дух, тој се спушта врз светите дарови лебот (симболички, телото на Исус) и виното (симболички, крвта Исусова), кои кога ќе се измешаат во осветените садови наречени путари и од нив верниците ќе се послужат со осветено лажиче, со тоа, симболички, ќе се соединат со Христос и со неговата победа над смртта, преку воскресението, и самите ќе станат бесмртни и по сопствената, ништожна, физичка смрт.

Одеднаш, парадоксално, важноста на прашањето за почитувањето на верскиот „протокол“ за употреба на причесното лажиче станува еднакво суштинска како и важноста на прашањето за почитување на здравствениот протокол за употреба на заштитните средства и држењето дистанца за да се спречи ширењето на вирусот.

Сега, ставете се во позиција на мирјаните и клерот (ако веќе не сте во неа): по падот на Адам од Рајот, по што сите живи суштества станале смртни, евентуалното умирање од некаков корона-вирус е само технички преод во спасот, во новиот вечен живот по воскреснувањето по смртта. Затоа, ако навистина верувате во овој верски концепт на бесмртност, прашањето за ширењето на некаква епидемија навистина делува тривијално.

Да се вратиме на протоколите, бидејќи нивното почитување е прашање од „животна“ важност: ако го нарушите верскиот протокол (неменливоста на лажичето за причест!), нема да станете бесмртен; ако го нарушите здравствениот протокол (дезинфекција и дистанца!), може да станете забрзано смртен.

Вака применета, ако не се сомневате во почетната (догматска) хипотеза, дури и логиката – која е научна дисциплина за изучување на принципите и критериумите на валидните заклучоци и докажувањето! – вели дека не може стравот од зараза да биде посилен од стравот да не станете бесмртен!

Ај сеа!

Ако не сте верник и имате друг вид на фантастични утехи за умирачката, како ви звучи овој безвремен верски, наспроти прозаичниот здравствен концепт? Пред да одмавнете со раката и да избрзате со некој лаконски одговор, можеби треба да размислите зошто оваа „теорија“ на „путирот и лажичето“ опстојува повеќе од 2.000 години… И е многу постара од теоријата за државата.

А Оливер Спасовски ја има таа чест и несреќа да е технички премиер во време на оваа опасна пандемија. Човекот, по сопствен приватен избор, е верник, на чело на уставно утврдената секуларна македонска држава. Што треба нему, а и на МПЦ, за Велигден, да им е поважно: бесмртноста на мирјаните или смртноста на граѓаните? Догмата или Законот?

Можеби „одговорот“ на ова нефер прашање мудро го даде Папата Франциск, мешечки легнат во духовни молитви на подот од празната ватиканска базилика Свети Петар во Рим, за време на неодамнешниот католички Велигден…

Сите асоцијации за нашите прилики, во тишината на принудниот празничен карантин, ви ги препуштам вам.

Со честитки, во овие вонредни времиња, за православниот Велигден за сите оние кои го слават.

The post Оливер и лажичето на МПЦ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....