-5.2 C
Скопје
06:29 - 24 ноември, 2024

Необична операција во Чикаго: Ѝ пресадиле нови бели дробови откако Ковид-19 ги уништил нејзините

За време на необична хируршка операција во Чикаго, доктори пресадиле нови бели дробови на млада Американка, откако претходно нејзините биле целосно оштетени од Ковид-19, пренесува Тајм. 

Според овие информации, операцијата е извршена минатиот петок во болницата „Нортвестерн медисин“. Само неколку други луѓе што го преживеале Ковид-19, во Кина и во Европа, добиле нови бели дробови.

Пациентката од Чикаго е во 20-тите години од животот и била на респиратор и машина за срце и бели дробови речиси два месеца пред операцијата.

Операцијата траела 10 часа и била предизвикувачка бидејќи вирусот ѝ ги оставил белите дробови со дупки и речиси споени со градниот кош, истакнал лекарот Анкит Барат, кој ја извршил операцијата.

Пациентката останала на респиратор додека нејзиното тело закрепнува, но се чувствува доволно добро за да разговара со родителите преку видеоповик и лекарите велат дека нејзините шанси за нормален живот се добри.

– Очекуваме целосно да закрепне – вели доктор Раде Томиќ, директор на програмата за трансплантација на бели дробови во болницата.

Идентитетот на пациентката остана непознат за јавноста, но Барат истакна дека неодамна се преселила во Чикаго од Северна Каролина за да биде со нејзиното момче. Инаку, била прилично здрава, но нејзината состојба брзо се влошила откако била хоспитализирана кон крајот на април. Лекарите чекале шест недели нејзиното тело да се исчисти од вирусот пред да почнат да размислуваат за трансплантација.

Од речиси 40.000 трансплантирани органи во САД минатата година, бели дробови биле само 7 отсто. Тие се наоѓаат тешко и пациентите често со недели чекаат на листите.

The post Необична операција во Чикаго: Ѝ пресадиле нови бели дробови откако Ковид-19 ги уништил нејзините appeared first on Слободен печат.


Необична операција во Чикаго: Ѝ пресадиле нови бели дробови откако Ковид-19 ги уништил нејзините was first posted on јуни 13, 2020 at 9:27 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....