5.8 C
Скопје
21:30 - 22 ноември, 2024

Не е сјајно: Болниците ни се кнап, а повеќето внатре се на кислородна маска

Инфективната клиника се пополни со пациенти заразени од коронавирус, па почнаа да се примаат пациенти и во монтажната болница, каде има уште педесетина слободни кревети. Со интензитетот на хоспитализации, уште неколку денови не делат од моментот кога и модуларната болница ќе се исполни максимално со пациенти од Ковид 19.

Од оние кои се хоспитализирани на клиниката, голем процент е на кислородна поддршка, вкупно 80 од 108 пациенти. Нема пациенти на респиратор. Откако ќе се пополнат и останатите болнички легла, на сила ќе стапи полицискиот час. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче. Целта е неколку недели да се стабилизира напливот на хоспитализации, за да се испразнат капацитетите и да се подготват за други пациенти.

Директорката на Инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ вели дека поради тоа што има високи бројки на новозаразени, ќе има и многу хоспитализации.

-Ако се преполни модуларната болница, во која доаѓаат пациенти од цела Македонија, ќе мора да се активираат и останатите болници, но тогаш со толкав број на пациенти, медицинскиот кадар како и до сега ќе го дава максимумот но нема да биде исто. Ќе се нема време да се посвети на еден пациент, во смисла да го пресоблечат неколку пати, да им се сменат пелени, да ги нахранат полека. Квалитетот секако ќе биде помал. Тоа е маката всушност и затоа сите овие месеци апелиравме да се почитуваат мерките за да нема огромен наплив на пациенти. А верувајте, дури десет проценти од новозаразените завршуваат во болниците, вели доктор Стевановиќ за Фактор.

Моментално во земјава има над шест илјади активни случаи на Ковид 19, а само последното деноноќие регистрирани се рекордни 641 од кои најмногу во Скопје. Освен тоа, смртноста од вирусот неделава бележи раст, и во еден ден сега умираат и по 10 до 12 луѓе. Само маската, дистанцата и честото миење на рацете, се клучни за спречување пандемијата во земјава дополнително да ескалира.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 47 пациенти кои се лекуваат од коронавирусот, а од нив на респиратор се петмина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

И во болницата во Штип е преполно со пациенти заразени со коронавирус, па тие сега се препраќаат во Кочани каде едно интерно одделение е модулирано во Ковид центар. Од сите што биле хоспитализирани завчера во Штип, половината се на кислородна поддршка, а раководството тврди дека кога ќе дојдат на болничко лекување, веќе пациентите имаат тешка клиничка слика.

The post Не е сјајно: Болниците ни се кнап, а повеќето внатре се на кислородна маска appeared first on Слободен печат.


Не е сјајно: Болниците ни се кнап, а повеќето внатре се на кислородна маска was first posted on октомври 22, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....