05:13 - 22 декември, 2024

На Инфективната клиника во Загреб изолиран вирусот на болеста Ковид-19

Во загрепската Клиника за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ успеале да го изолираат вирусот Ковид-19, односно го одгледале во лабораториски услови, потврди за ХРТ, директорката на таа клиника Алемка Маркотиќ.

– Нашата колешка, д-р Жељка Мачак Шафранко, а целиот мој тим, кој сега го води Иван Кристијан Куролт, го изолираше вирусот. Тоа е голема работа во секоја виролошка лабораторија, вели таа, и додава дека е важно да се имаат вируси од сите делови на светот.

-Вирусот го испративме во Германија кај наш соработник со кој имаме меѓународен проект за истражување на вакцини. Тој еден дел од своите истражувања исто така ќе ги посвети на молекуларната анализа на вирусот, но заедно со некои други вирилози од Германија, Австрија и САД ќе го користи за истражување на лекови и вакцини, појаснува таа.

И во Клиниката за инфективни болести „д-р Фран Михајлевиќ“ ќе можат да ги прошират своите истражувања и да ги анализираат имунолошките механизми кои се јавуваат на тој вирус, вели Маркотиќ.

Благодарение на тоа што имаат врвна лабораторија и тим, тие пред неколку недели добиле понуда од една американска биотехнолошка компанија да учествуваат во најмодерните истражувања на биолошките терапии по пат на ќелии.

-Тој модерен пристап би можел да се примени и за лекување на Ковид, додава.

The post На Инфективната клиника во Загреб изолиран вирусот на болеста Ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....