-3.2 C
Скопје
05:35 - 23 декември, 2024

МВР лепи казни, но маските никако да ни станат навика: Треба ли да се удри по џебот на граѓаните со 500 евра за да се освестат?

Во изминативе 72 часа, македонската полиција открила дека 1.289 граѓани не ја почитуваат мерката за неносење лична заштита на лице, односно не носеле заштитна маска. Сите тие наши несовесни сограѓани се казнети парично. Казната изнесува 20 евра, односно 1.200 денари. Математички кажано, поради немарноста или несовесноста на оваа група наши сограѓани на трезорската сметка на Министерството за внатрешни работи ќе „легнат“ 1.546.800 денари или 25.151 евра. За овој тип на казни одлагање на плаќањето не е предвидено. Тие се извршни и секој граѓанин е должен во рок од осум работни дена да ги плати. Во спротивно, МВР преку службите на Управата за јавни приходи има можност да пристапи кон принудна наплата на казната.

Во споредба со другите европски земји, казната за овој вид на прекршок во ек на пандемија кај нас е мала. Во некои земји од Европската Унија тие казни се движат од 500 до 1.000 евра. Последната земја која за овој вид прекршок воведе казна од 1.000 евра е Италија. Казна од 1.000 евра е предвидена за неносење маска во затворен простор. Италијанските медиуми објавија дека првите казни од 1.000 евра им биле изречени на тројца сопственици на јавни места, вклучувајќи бар и фризерски салон.

Бројот на казнети граѓани за неносење маски кај нас постојано се зголемува. Од почетокот на оваа казнена мерка до денеска во државната каса треба да се слеат околу половина милион евра. Овој вид на казна е најмал во споредба со другите казнени мерки кои во однос на пандемијата од коронавирусот полицијата може да ги одреди кон одредена група граѓани доколку не се придржуваат до мерките. Казните се движат од 50 до 300 дневни глоби. Една дневна глоба изнесува 20 евра за физички лица, а за правни субјекти казните се доста поголеми.

Од Кривичниот суд велат дека за казните каде се предвидени глоби граѓаните имаат законски рок да поднесат приговори на казните и за тие предмети се закажуваат судења. Доколку граѓанинот е правосилно осуден, а не е во можност да ја плати казната, истата ќе треба да ја одлежи во истражниот затвор „Скопје“.

Грубата математика во однос на евентуалната сума која ќе се слее во државниот буџет од глобите изнесува над шест милиони евра. Најголем дел од тие пари се од граѓани кои не ја почитувале мерката на самоизолација или од оние кои го прекршувале полицискиот час. Граѓаните за износот на сумата на глобите за непочитување на мерките се поделени. Одредена група смета дека казните се големи, а други пак дека се мали и без ефект.

– Сметам дека полицијата постојано не е висина на задачата на теран да патролира и да ги евидентира граѓаните кои не носат заштитни маски. Тоа го прават стихијно, час до два во одредени реони на пример во Скопје. Голем дел од младите маските ги носат во рака, не ги користат, а исто така и дел од повозрасните граѓани. Некои пак ги носат само колку заради редот, под брада. Доколку казните се зголемат, а сметам дека треба да бидат зголемени, и кога јас би знаела дека за мојата немарност по здравјето, би била казнета за „памет“ што вели народот, тогаш верувајте не би ја извадила маската од уста – вели скопјанката Слободанка Аврамовска.

Правниците пак сметаат дека паричните казни треба да се застапени за непочитување на правилата кои се однесуваат на заштита на јавното добро и личното здравје во случај на пандемија. Додаваат дека треба и зголемена медиумска кампања за тие казнени мерки, но нагласуваат дека токму казните не треба да бидат „благи“, туку големи за да им стане навика на граѓаните дека треба да носат маска, ако на пример не сакаат да платат казна од 500 или 800 евра.

– Ако ги „мериме“ казните тогаш тие за јавна чистота се поригорозни од овие за заштита на личното здравје. Во низа разговори со колеги, но и со познаници, а и мој личен став е дека казните за неносење на заштитна маска треба да бидат многу ригорозни. Личното здравје и здравјето на граѓаните нема цена. Подобро народот за оваа навика која ете е понова и задолжителна да биде свесен дека „дебело“ ќе биде казнет и тоа во брза постапка само затоа што не носел маска, отколку да биде казнет со 20 евра. Мораме да ги следиме европските пракси. Скоро во цела Европска унија казната за тоа дело е 1.000 евра. Да, различен е стандардот секаде, но верувајте дека ќе ви стане секојдневна навика со себе да ја носите маската, отколку да се мислите дали да се вратите по неа или не ако ја заборавите, знаејќи дека може и да не ве казнат многу ако не ја носите – вели адвокатот Виктор Трајковски.

The post МВР лепи казни, но маските никако да ни станат навика: Треба ли да се удри по џебот на граѓаните со 500 евра за да се освестат? appeared first on Слободен печат.


МВР лепи казни, но маските никако да ни станат навика: Треба ли да се удри по џебот на граѓаните со 500 евра за да се освестат? was first posted on јули 27, 2020 at 2:34 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....