02:50 - 2 април, 2026

Летот од Брисел до Скопје им се претворил во кошмар – пијан патник ги вознемирувал сите во авионот

Драма се случувала на летот од Брисел до Скопје кога патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ објави порталот СДК.мк.

Полицијата го привела веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу пладне.

Патниците, како што пишува порталот, сведочат дека мажот со крупна конституција кој изгледал дека најверојатно е пијан, почнал многу гласно да вика околу половина час пред да почне постапката за слетување.

И покрај опомените од кабинскиот персонал, мажот продолжил да вика.

Во моментот кога стјуардесата го најавила слетувањето и побарала патниците да останат врзани на своите места, тој станал и почнал да оди низ авионот при што се соблекол гол до појас.

 

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....