-3.2 C
Скопје
23:54 - 22 декември, 2024

Коронавирусот ги сопре и крводарителските акции: Ќе останат ли болниците без крв?

Заводот за трансфузиологија може да остане без резерви на крв и крвни продукти, откако од вчера се стопирани крводарителските акции поради владините мерки за справување со коронавирусот. Резерви има, но ако две недели нема акции колку што е предвидено да траат мерките, ќе снема крв.
– Акциите во училиштата сопреа бидејќи тие се затворени. Компаниите сами ги откажуваат и тоа оние големите од каде очекувавме да собереме повеќе единици на крв. Ако немаме две недели акции ќе се потрошат резервите и може да останеме без крв. Мора да се најде начин како да се прибира крв додека траат мерките за намалување на штетните ефекти од коронавирусот – вели Садула Усеини, директор на Заводот за трансфузиологија.
Тој објаснува дека стручниот колегиум донел одлука да се издава крв само за итни операции, а не и за оние кои може да чекаат.
– Моравме нешто да преземеме да ги почитуваме мерките на Владата, но и да не ја доведеме во прашање нашата дејност. Пациентите кои чекале за операција неколку месеци може да почекате да помине и оваа криза – вели Усеини.
Иако би требало Министерството за здравство на овој проблем да помисли пред да ја предложи мерката на Владата за стопирање на крводарителскитр акции, сепак, Усеини очекува да има состанок денеска на ова тема со министерот Венко Филипче по што ќе може попрецизно да се каже како ќе се избегне ситуација да се јави недостаток на крв.
Иако досега се донесоа многу мерки за намалување на штетните ефекти од коронавирусот, сепак системот за закажување прегледи и интервенции „Мој термин“ функционира без рестрикции поради што е и нејасно како ќе бидат вратени од операција пациентите кои веќе ја имаат закажана. Збунува и тоа што операцијата нема да може да се изврши без да бидат обезбеди резерва од крвни продукти бидејќи секогаш постои можност  нешто да се искомплицира и да се јави поголемо крварење при што ако веднаш не се направи трансфузија на крв, исходот може да биде фатален за пациентот.

The post Коронавирусот ги сопре и крводарителските акции: Ќе останат ли болниците без крв? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....