8.8 C
Скопје
12:54 - 25 ноември, 2024

Комисијата никако да го „помине“ седмо одделение

На средбата на Македонско – бугарската комисија, која почнува денеска, предвидено е да се заврши веќе започнатата дискусија во однос на усогласување на препораки за учебниците по историја за 7 одделение во Северна Македонија. Ова е прва средба на Комисијата оваа година. Во јуни, Комисијата одржа еден виртуелен состанок на кој се дискутираше за содржината на записникот од деветтата средба.

Комисијата, која треба да се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја и да помогне во надминување на различните толкувања, досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за Гоце Делчев.

Досега, Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности – светите Кирил и Методиј, свети Климент, свети Наум и цар Самуил. Усвоени се препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 7 одделение.

Се очекува најмакотрпен период за разгледување да бидат токму настаните и личностите од 19 и почетокот на 20 век, периодот на појавата на културни, духовни и политички движења, кои се јавуваат на територијата на земјава, каде што има сериозни разидувања во двете историографии.

The post Комисијата никако да го „помине“ седмо одделение appeared first on Слободен печат.


Комисијата никако да го „помине“ седмо одделение was first posted on октомври 15, 2020 at 11:49 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....