-0.2 C
Скопје
06:00 - 20 декември, 2024

КОГА КИНА ТОНЕ, СО СЕБЕ ГО ВЛЕЧЕ ЦЕЛ СВЕТ: Зошто ни е важно во каква состојба е кинеската економија?

Кина е една од најголемите економски сили во светот. Таа произведува голем број работи што се продаваат ширум светот, а многу земји зависат од куповната моќ на нејзините жители.

Поради ова и од некои други причини, сите треба да бидеме загрижени кога кинеската економија е во криза, бидејќи таа влијае врз сите нас, пренесува Би-би-си.

Економската моќ на Кина е скоро 50 пати поголема денес отколку во 1980 година – Кина во моментов е втора најголема економска моќ во светот. Сепак, во моментов, нејзината економија е загрозена од појавата на коронавирусот, која влијаеше на многу гранки на индустријата и целокупното функционирање на оваа земја.

Што значи ова за остатокот од светот?

Кина е „светска фабрика“. Ги произведува стоките и алатките што ни се потребни за производство. На пример, произведува 70 отсто од светските климатизери и 58 отсто од чевлите се изработени во оваа азиска земја. Покрај тоа, во неа се штампаат најголем број примероци од Библијата.

Ако Кина забави во своите активности, работните места ширум светот се изложени на ризик.

Силна економија значи дека во неа живеат богати луѓе. Модните куќи како Луј Витон и Шанел и многу други луксузни компании зависат од луѓето од оваа земја и од она што се случува во неа.

И технолошките компании имаат огромни приходи од кинеските граѓани. На пример, секој седми iPhone завршува во рацете на Кинезите. Со оглед на фактот дека Кина има 1,4 милијарди жители, не изненадува што е најголем потрошувач на електрична енергија во светот и е еден од најголемите купувачи на нафта, челик и бакар.

Освет тоа, во 2018 година, Кинезите потрошиле дури 277 милијарди американски долари за патувања, што претставува една петтина од вкупната сума од туристите ширум светот.

Кина е исто така позната по тоа што инвестира во големи проекти ширум светот. Таа гради железници во Кенија и Етиопија, мостови во Хрватска, патишта во Пакистан. Меѓу другото, кинеската компанија е главен изведувач во нашиот регион.

За време на последната финансиска криза, таа стана последно прибежиште и продолжи да напредува со полна пареа, додека другите ослабнуваа.

Затоа кога Кина тоне, таа со себе го влече целиот свет.

The post КОГА КИНА ТОНЕ, СО СЕБЕ ГО ВЛЕЧЕ ЦЕЛ СВЕТ: Зошто ни е важно во каква состојба е кинеската економија? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....