3.8 C
Скопје
18:16 - 15 ноември, 2024

Клиничкиот кампус со комплетно нов лик, нема повеќе сообраќаен хаос (ФОТО)

Во изминатиот период, во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза” интензивно се работи за подобрување на инфраструктурата. Направени се неколку реконструкции, корекции и изработка на решенија за подобра експлоатација на инфраструктурата.
Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Проблемот со влезовите и излезите од комплексот кон градските улици е целосно решен.
Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација за правилно насочување на сообраќајот. Обележани се пешачките зони, поставено е ново улично осветлување. Проширени се тротоари. Создадени се услови за движење на возила за итна медицинска помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди.
Извршено е хортикултурно уредување на парковите и јавните простори низ комплексот. Поставена е нова урбана опрема: клупи, фонтани/чешми, ниско и високо зеленило.
Во непосредна околина на Унивезитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во кампусот на Клинички центар Мајка Тереза – Скопје интервентно е расчистен теренот од старите, диво – вселени објекти во близина на инфективна клиника, старите бараки Медицинар. Со ова, се оформи и директен пристап до инфективната клиника од ул. „Белградска”, со цел да се сепарира движењето на пациентите со симптоми на Ковид-19 од останатите пациенти кои влегуваат на главната капија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”.
Овој месец се пушти во употреба и монтажната модуларна болница за потребите за дополнување на болничкиот капацитет на инфективната клиника.
За кратко време, Клиничкиот кампус доби сосема нов лик. Нема повеќе сообраќаен хаос. Ги подобруваме условите во јавното здравство и покрај пандемијата од ковид-19. Да ги почитуваме мерките за заштита и да се грижиме за одржување на Клиничкиот кампус чист. Од нас зависи.

The post Клиничкиот кампус со комплетно нов лик, нема повеќе сообраќаен хаос (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Клиничкиот кампус со комплетно нов лик, нема повеќе сообраќаен хаос (ФОТО) was first posted on јули 3, 2020 at 9:31 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....