6.8 C
Скопје
11:28 - 25 ноември, 2024

Ќе добиеме ли конечно доминантно приватна пошта?

Пазарот на поштенски услуги во Македонија од 1 јануари 2021 година треба да биде целосно либерализиран. Тоа е пропишано со сегашните одредби на Законот за поштенски услуги, кои предвидуваат укинување на резервираната област. На 31 декември годинава, завршува петтото пролонгирање на либерализацијата, дадено на барање на Македонска пошта.

Завчера Владата ги задолжи вицепремиерот за економски прашања, министерот за економија и директорот на Македонски пошти заедно да изготват физибилити-студија за начинот на постапката за приватизација на компанијата.

Понудени се две опции: преземање со јавно приватно партнерство или целосна приватизација. Премиерот Зоран Заев рече дека државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошти, а целта е граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги.

Во 2009-та пропадна обидот за продажба на Македонска пошта на Канадска пошта, со која се преговараше две години.Канадска пошта понуди инвестиција од 40 милиони евра и ја побара поштата, без пари во наредните 20 години. Откако тогашната влада, го одби предлогот на Канадска пошта, ним во име на пенали им се исплатени повеќе од 200 илјади канадски долари. Како потенцијален инвеститор се споменуваше и Поштата на Словенија.

Либерализиран пазар веќе десетина години бара не само регулаторот, туку и приватните поштенски оператори. Во 2019 година, од Македонска пошта истакнаа дека е неминовно продолжување на ексклузивното право за обезбедување на резервираните поштенски услуги, бидејќи не се создадени услови на пазарот за поштенски услуги, а целосната либерализација препорачана со третата директива – 2008/06/ЕС е обврзувачка за земјите членки на ЕУ.

Ваков модел во поштенското работење имаа и другите држави од регионот, вклучително и Хрватска, каде што либерализацијата настапи со полноправното членство. Во таква позиција е и Србија, која исто така не е членка на ЕУ.

 

The post Ќе добиеме ли конечно доминантно приватна пошта? appeared first on Слободен печат.


Ќе добиеме ли конечно доминантно приватна пошта? was first posted on октомври 15, 2020 at 12:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....