-3.2 C
Скопје
06:19 - 23 декември, 2024

Италија во шок: Уапсена група карабинери, им помагале на дилери, рекетирале и тепале (ФОТО+ВИДЕО)

Група карабинери се уапсени, а нивната полициска станица е затворена откако истражителите откриле низа злосторства кои се одиграле во нивните простории, пренесе Би Би Си, за откритието кое ја згрози Италија.

Карабинерите во градот Пјаченца, на северот на Италија се осомничени дека тргувале со дрога, вршеле изнудување и тортура.

Случајот ги шокираше обвинителите, но и жителите на тој италијански град.

Полициско фото/ Операција: Одисеј/ EPA-EFE/GUARDIA DI FINANZA HANDOUT — BEST QUALITY AVAILABLE — HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

„Ние сме недопирливи“, наводно рекол еден од осомничените на колега кој бил прислушкуван.

Злоделата на карабинерите завршија на првата страница на италијанските весници, а локалната обвинителка Гразиа Прадела рече дека „ништо од тоа што се случувало во таа станица не било легално, во секој поглед биле криминалци“.

Обвиненијата се читаат како страници на криминалистички роман, а бројни престапи се случувале и во неделите кога во Италија беше воведен карантин.

Додека луѓе умираа од ковид, карабинерите ги снабдувале дилерите

„Додека Пјаченца броела многу смртни случаи од коронавирусот, карабинерите ги снабдувале дилерите кои заглавиле без дрога поради мерките против ковид-19“, рече обвинителката.

Пјаченца се наоѓа во северниот регион Емилиа Романа, а имаше најголем број смртни случаи во Италија.

Она што се случувало во станицата обвинителката го спореди со организираните криминални групи.

Осомничените кои се носени на испрашување лошо се третирани, па дури и мачени. Излезе и една фотографија во медимите на која е покажан затвореник со лисици, бос и со раскрвавен нос.

Малтертиран затворени/ Операција Одисеј/EPA-EFE/GUARDIA DI FINANZA HANDOUT — BEST QUALITY AVAILABLE — HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Огромен број луѓе се вплеткани во оваа приказна

Обвинителката рече дека карабинерите се осомничени за трговија со дрога, примање на украден имот, изнуда, илегални апсења, проневера и злоупотреба на позицијата. Додека 12 лица се под истрага, петмина се притворени, а шестиот е ставен во куќен притвор.

Осомничените карабинери за тешки кривични дела дејствувале како параполиција/ Фото: EPA-EFE/GUARDIA DI FINANZA HANDOUT — BEST QUALITY AVAILABLE — HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Овеи откритија би можеле да фрлат сенка на 110 илјади мажи и жени кои даваат се од себе, секој ден за да дејствуваат во склад со полициските вредности, рече италијанскиот министер за одбрана.

 

The post Италија во шок: Уапсена група карабинери, им помагале на дилери, рекетирале и тепале (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Италија во шок: Уапсена група карабинери, им помагале на дилери, рекетирале и тепале (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јули 23, 2020 at 6:25 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....