-6.2 C
Скопје
06:10 - 25 ноември, 2024

Инфективна и „Воена“ полни, се враќа монтажната болница

Бројот на пациенти заболени од ковид-19 е во постојан пораст, а болничките капацитети се полни како никогаш досега. За грижа на болните на Клиниката за инфективни болести недостасува простор, поради што ќе биде повторно ставена во функција монтажната болница што беше монтирана, па демонтирана. Во ковид-центарот „8 Септември“ има простор што може да се адаптира, но недостасува медицински персонал.

На Клиниката за инфективни болести според информацијата од вчера имаше згрижено 97 пациенти, додека вкупниот капацитет е 110, ако се стават во функција сите болнички кревети само за пациентите со ковид-19. Поради тоа се враќа монтажната болница, која ќе биде со капацитет од 70 легла. Таа болница веќе постоеше, но беше размонтирана кога министерот Венко Филипче соопшти дека епидемијата е ставена под контрола. Сега шатори нема да има туку ќе биде контејнерски систем. Болницата е опремена и се очекува тоа официјално да биде соопштено.

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во болницата „8 Септември“ само завчера се примени 16 нови пациенти кои се во многу тешка здравствена состојба, а таму се лекуваат вкупно 103 пациентите со ковид-19. Директорот на болницата Христијан Костов вели дека капацитетите за згрижување на овие пациенти може да се зголемуваат со отворање нови оддели, бидејќи простор има, но треба да се најде уште персонал.

– Добивме 16 медицински сестри, но тоа не е доволно, и само петмина интернисти, што е проблем, очекуваме уште најмалку пет. Капацитетот за згрижување на пациентите со ковид-19 може да се шири, но за тоа мора да се донесе и повеќе персонал. Отворивме уште два оддела, но имаме уште 20 слободни кревети – вели Костов.

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Тој објаснува дека гледајќи ја клиничката слика на пациентите што се примаат, не може да каже дека вирусот слабее.

– Имаме 15 пациенти што се на апарат за дишење и 70 на кои им се дава кислородна поддршка. За еден ден гледаме драматични промени, односно големо влошување во клиничката слика на пациентите – вели д-р Костов.

Реалноста покажува дека вирусот се шири интензивно не само на семејни прослави и други настани од тој вид, туку и на работните места, каде што од еден позитивен на ковид-19 се дијагностицираат повеќе други. Веќе нема некој што не познава некој што не е позитивен на ковид-19.

Директорката на ДСЗИ Ирина Бухова-Сотирова вели дека иако бројката расте, сепак тоа се случаи што ги очекуваат.

– Не се драматични бројките туку очекувани, 35 отсто од заболените се од оние што веќе биле во изолација поради контакт со заболено лице, сега само им се менува решението и добиваат нови 14 дена задолжителна изолација. Ако сакаме бројките да се намалуваат, мора да се почитуваат мерките, нема друг начин. Кога не разбираме, треба да очекуваме зголемување на бројот на заболени. Не треба да нѐ плашат бројките, туку однесувањето на граѓаните – вели Бухова-Сотирова.

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Таа вели дека индексот на репродукција, односно колку пациенти заразува еден позитивен е 1,3, што е зголемување бидејќи тој беше симнат под нула. Бројот на денови за дуплирање од 45 падна на 21, ако се задржи таа динамика ќе стасаме до 8.000 заболени до почетокот на јули. Просечно дневно имаме по 160 заболени.

Денеска се потврдени 103 нови случаи со ковид-19, петмина починаа, оздравени се 13 пациенти, додека завчера имавме најголема бројка на починати во еден ден – 9.

 

The post Инфективна и „Воена“ полни, се враќа монтажната болница appeared first on Слободен печат.


Инфективна и „Воена“ полни, се враќа монтажната болница was first posted on јуни 15, 2020 at 2:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....